puff up - онтологија

важничи повеќе

важничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се прави важен.
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Се коцоревме, се важничевме, парадно марширавме.

дига повеќе

Види и: дигне (св.)
дигаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се дига) Си придава голема важност, се прави важен, се фали.
Албански: lëvdohet
Примери:
Ај, не се дигај толку!

дуе повеќе

дујат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се дуе) Се прави важен, надмен.
Албански: fryhet, lavdërohet
Употреба: Разговорно
Примери:
Се дуеш дека имаш синови.

закокори повеќе

(се) закокорат
Вид збор: Глагол, свршен
За гулаб, мисир - почне да се кокори, да се перчи.
Албански: duhmë derri
Примери:
Гулабите се закокорија низ дворот.

исперчи повеќе

Види и: перчи (несв.)
(се) исперчат
Вид збор: Глагол, свршен
Со перчење се направи важен.
Примери:
Се исперчи како паун пред нас, барем да има зошто!

испетели повеќе

Види и: петели (несв.)
(се) испетелат
Вид збор: Глагол, свршен
Се направи важен, покаже сила.
Употреба: Разговорно

испрчи повеќе

испрчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испрчи) се надуе
Албански: fryhet
Примери:
Се испрчила и никого не забележува.

истагари повеќе

Види и: тагари (несв.)
(се) истагарат
Вид збор: Глагол, свршен
Се направи важен, се надуе.
Употреба: Архаизам

истопори повеќе

(се) истопорат
Вид збор: Глагол, свршен
Се надуе, се направи важен пред некого.
Примери:
Се истопори пред соседите.

кокори повеќе

кокорат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кокори) Се прави важен, се дуе.
Албански: fryhet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Една група се собрала и пеливаните се кокорат сред неа.

костреши повеќе

(се) кострешат
Вид збор: Глагол, несвршен
Покажува надменост, сила.
Албански: mendjemadhësi, kryenaltësi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Овие од раководството се перчеа и се кострешеа.

кочопери повеќе

(се) кочоперат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се дува, се прави важен, се истакнува.
Употреба: Дијалектен збор

надуе повеќе

надујат
Вид збор: Глагол, свршен
Зголеми обем, напие, исполни.
Албански: duhmë
Примери:
Ги наду образите.

наперне повеќе

(се) напернат
Вид збор: Глагол, свршен
Се направи важен, покаже надменост.

напрчи повеќе

напрчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се напрчи) Се направи важен, се надуе.
Албански: çmueshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Што се напрчил толку, како да не знаеме кој е и што беше.

перчи повеќе

(се) перчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занесува, се прави важен, покажува надменост, се вообразува.
Примери:
Не туку перчи се!

петели повеќе

(се) петелат
Вид збор: Глагол, несвршен
се перчи, се чатали, се прави важен
Примери:
Туку се петели.

понаша повеќе

(се) понашаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занесува, се прави важен.
Употреба: Разговорно
Примери:
Немој да ми се понашаш.

поперчи повеќе

Види и: перчи (несв.)
(се) поперчат
Вид збор: Глагол, свршен
Се перчи, се петели кратко време.
Примери:
Излезе да ја видат и да се поперчи малку пред нив.

попетели повеќе

(се) попетелат
Вид збор: Глагол, свршен
поперчи

попиштоли повеќе

Види и: поперчи (св.)
(се) попиштолат
Вид збор: Глагол, свршен
се поперчи, се попетели
Употреба: Разговорно

прчи повеќе

прчат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се прчи) Се прави важен.
Примери:
Тој се прчеше со туѓ автомобил.

раскокорави повеќе

Види и: кокори (несв.)
(се) раскокорават
Вид збор: Глагол, свршен
Почне силно да се кокори.
Примери:
Се раскокорави жената и не гледа некого.

раскокоравува повеќе

Види и: раскокорави (св.)
(се) раскокоравуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раскокорави

раскокори повеќе

Види и: раскокорави (св.)
(се) раскокорат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) раскокорави

раскокорува повеќе

Види и: раскокори (св.)
(се) раскокоруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раскокори

ребри повеќе

(се) ребрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се прави важен, покажува сила и надмоќ.
Примери:
Тој се ребреше пред нас.

рогуши повеќе

(се) рогушат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се лути, се прави силен.
Примери:
За ништо, ете го кај се рогуши.

тагари повеќе

тагарат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се тагари) Се дуе, станува надмен.
Албански: fryhet
Употреба: Преносно значење

топори повеќе

топорат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се покажува со нешто пред некој, изведува.
Албански: kërcnohet
Примери:
Штотуку ми го топориш ножот, мислиш ли дека ти се плашам?

фодули повеќе

(се) фодулат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се држи надмено, надуено.
Албански: bëhem fodull, fryhem
Употреба: Разговорно

шепури повеќе

(се) шепурат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се однесува наметливо и арогантно.
Употреба: Пејоратив
Примери:
Се шепурат низ хотелски приеми.

шешери повеќе

(се) шешерат
Вид збор: Глагол, несвршен
се шири, се кокори, се дуе
Турски: şişirme